Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Директорот на Барселона, Ариедо Брејда инсистираше дека Андрес Иниеста нема да му се приклучи на Јувентус и откри дека Андре Гомез не е на продажба.
Се шпекулираше дека Јувентус, е заинтересиран за Иниеста и за заборавениот Гомез, но директорот на шпанскиот клуб изјави дека играчите нема да одат никаде.
„Иниеста во Јувентус? Не. Ниту еден играч на Барселона не е на продажба во моментов. Иниеста ќе остане со нас. Заминувањето на Меси? Не, не верувам дека тој ќе замине.“ – изјави директорот.
„Се може да се случи во фудбалот, но Меси е лојален на Барселона, неговото срце чука за тие бои, па така мислам дека тој нема да замине“. – заврши Ареидо Брајда.