До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Магионичарот на Барселона во средниот ред Андрес Иниеста е еден од најдобрите фудбалери на денешницата.
Иниеста е мајстор во пас играта и многумина сметаат дека можеби и најдобар играч за врска кој некогаш играл. Сепак, дури и Иниеста е импресиониран од тројца играчи за врска, а меѓу останатите и членот на Реал, Лука Модриќ.
„Играчи за врска на кои се восхитувам се Лука Модриќ, Давид Силва и Коке“, рече Иниеста па потоа порача дека би сакал во Барселона да остане до крајот на кариерата.
„Сакам да останам до 2018 година, уживам и многу сум среќен. Не знам дали ќе дојде на мене ред да потпишам нов договор, тоа ќе морате да ги прашате челниците на клубот“, порача тој.















