Интер - Аrrivederci ЛЕ, Селта Виго ремизираше, Шалке по втор пат ја победи Ница

    Од петото коло од групната фаза во Лига Европа се одиграа уште дванаесет натпревари.

    Ајакс ќе заврши на првата позиција после денешната победа од 2:0 против Панатинаикос. Шон и Тете беа стрелци во победата на холандскиот клуб. Стандард успеа да се избори за бод на Балаидос против Селта Виго. Фиорентина после денешното реми против Паок, 2:2 се пласира во нокаут фазата во ЛЕ. Родригез го шокираше Артемио Франки во 93-та минута кога погоди за победа на Паок против Фиорентина. Гент и Брага ремизираа, 2:2. Фудбалерите на Интер испуштија два погодоци предност против Бер Шева. Икарди и Брозовиќ погодија за Интер, а Маранхао и пеналот направен од Хандановиќ го израмни резултатот. Сахар во 93-та минута му донесе победа на Бер Шева, 3:2. Краснодар ремизираше на домашен терен против Салзбург, 1:1.

    Либерец го декласира Карабах со 3:0. Македонскиот фудбалер, Муарем Муарем го напушти теренот после еден час игра. Шалке славеше против Ница со 2:0 со погодоците на Конопљанка и Аого од пенал. Коњаспор запиша висок пораз на гостувањето кај Шахтјор, 4:0. Спарта Прага го совлада Саутемптон минимално со погодокот на Коста, 1:0. Стеауа во последните минути од натпреварот славеше со 2:1 против Османлиспор. Со погодокот на Родригез од белата точка, Цирих ремизираше против Виљареал, 1:1.