Интер бара тренер – Лео, Блан или италијанскиот пожарникар до Диего Симеоне


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Се чека вистинскиот тајминг за отказ на Де Бур.

    На Франк Де Бур му се одбројани деновите на клупата на Интер после уште едниот пораз, а раководството на нероазурите чека вистинско време да му даде отказ на холанѓанецот.

    Никој не верува дека Де Бур може нешто да промени, а изгледа дека и тој го знае тоа.

    „Прашајте го клупското раководство“, кажа Де Бур на прашањето дали ќе остане на клупата на нероазурите.

    Во Интер дилемата е дали Де Бур да го избркаат веднаш и да му исплатат оштета или да ги почекаат да поминат натпреварот против Кротоне и Саутемптон, па новиот тренер да го доведат на почетокот на репрезентативната пауза да ја поправи ситуацијата.

    Кој ќе го замени Де Бур?

    Проблемот на Интер е тоа што во донесувањето на одлуките мора да се согласат сопственикот од Кина, претседателот Тохир, директорот Болингбурк, акционерот Масимо Морати, спортскиот директор Аузилио… Сите тие имаат свои желби.

    Масимо Морати инсистира на враќање на Леонардо кој не се прослави во првиот мандат. За бразилецот е и Хавиер Занети кој тогаш тренираше под негово водство. Остатокот од раководството загриза за Лоран Блан кој е без работа после заминувањето од ПСЖ, а порано играше за Интер. Се споменуваат и поевтините варијанти како Пиоли, Мандролини и Гвидолони кои би биле на клупата на Интер до летото кога нероазурите со сите сили ќе тргнат по Чоло Симеоне.