Интер заинтересиран за ѕвездата на Барселона


    ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


    Раководството и тренерскиот штаб на Интер изрази интерес кон напаѓачот на Барселона, Луис Суарез, тврди „Marca“.

    Италијанскиот гигант има во план да се врати во елитата на европскиот фудбал и имаат мислење дека уругваецот може да им помогне во тоа.

    Во радарот на „нероазурите“ се исто така и Хамес Родригез од Реал Мадрид и Серхио Агуеро од Манчестер Сити.

    Сепак, каталонците немаат во план да го продадат Суарез со кого сакаат да го продолжат договорот до 2022. година. Сегашниот договор на Суарез и Барселона истекува во летото 2019. година.