Интер подготвил 50 милиони евра за Симеоне

    Управата на Интер најави дека во зимскиот трансфер период ќе направи многу промени во екипата, но тие потврдија дека промени може да се случат и на менаџерската позиција.

    Интер пред неколку дена официјално потврди дека Стефано Пиоли е новиот менаџер на овој клуб, и дека италијанскиот стратег потпишал договор до летото 2018. година. Сепак, управата на овој клуб потврди дека и понатаму најголема желба им е Диего Симеоне.

    Италијанските медиуми објавија дека управата на Интер подготвила 50 милиони евра за да го откупи договорот на аргентинскиот стратег. Симеоне и понатаму има договор со Атлетико Мадрид, па тоа е единственото решение Интер да го откупи неговиот договор.

    Аргентинскиот стратег во неколку наврати изајви дека еден ден сигурно ќе дојде во Интер, а навивачите на италијанската екипа се надеваат дека тој ден е многу блиску.