Иско има две понуди, сигурно го напушта Реал Мадрид


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Шпанскиот фудбалер, Иско, веќе во јануари најверојатно ќе ги напушти редовите на Реал Мадрид.

    Веќе неколку месеци се шпекулира за тоа дека Иско ќе го напушти кралскиот клуб, а се чини дека време за разделба веќе дојде.

    Шпанските медиуми пренесоа денеска дека Иско веќе во јануари ќе го напушти Сантијаго Бернабе, и дека кралскиот клуб има две примамливи понуди за овој играч.

    Наводно, Иско доби понуда од Арсенал и Баерн, и речиси е сигурно дека својата кариера ќе ја продолжи во некој од овие два клуба.

    Шпанскиот фудбалер изјави дека му е желба за еднаш да се проба во англиската Премиерлига, а изгледа дека Арсенал а најдобра опција за Иско.

    Единствен проблем во овој трансфер може да претставува оштета, бидејќи Реал за Иско сака 37 милиони евра.

    Навивачите на кралскиот клуб се надеваат дека Иско ќе остане во Реал барем до крајот на оваа сезона.