До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Италијанскиот напаѓач Марио Балотели помина една сезона во екипата на Ливерпул.
Беше тоа сезоната 2014/15 кога тренер на клубот од Енфилд беше Брендан Розџерс кој никако не успеваше да го извлече најдоброто од овој фудбалер.
Балотели после таа сезона замина на позајмица во Милан, а Роџерс призна дека никогаш не успеа да оствари вистински контакт со Балотели.
„Едноставно не успеав да остварам вистински контакт со Балотели. Тој дојде многу доцна во текот на тој преоден рок. Беше тоа коцкање со неговиот трансфер“, рече Роџерс и продолжи:
„Тој на теренот даваше се од себе. Сепак, тоа не беше така како што очекувавме дека ќе биде. Кога разговарав со него во канцеларијата, видов дека се работи за добро момче. Дека може да го искористи својот целосен потенцијал, тогаш беше еден од најдобрите фудбалери на светот. Се надевам дека сега е во клуб во кој конечно ќе се врати на старите стази и дека работите конечно ќе тргнат најдобро за него“.















