Историска победа за Барселона – Половичен учинок на Лазаров, 7 интервенции на Борко


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Ракометарите на Барселона запишаа нова победа во Асобал. Денес жртвата беше Синфин, 22:27.

    Каталонците после првото полувреме имаа минимална предност, 12:13. Во вториот дел одиграа одлично, ја зголемија предноста и се радуваа на крајот, 22:27. Девета победа за Барселона во девет кола, а денес стигнаа до историската 100-та победа.

    Недесбо и Томас со по 4 погодоци ја предводеа Барселона до победа. Македонскиот репрезентативец, Кирил Лазаров постигна 2 погодоци од 4 обиди. Репрезентативниот голман, Борко Ристовски запиша 7 интервенции од 19 шута. Кај Синфин, Пабло Паредес Лапења се истакна со 5 погодоци.