Италијаните добиваат бразилско засилување!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Селекторот на Аѕурите Џајмпјеро Вентура може наскоро да добие помош од 23-годишниот фудбалер со бразилска националност.

    Изгледа дека на италијаните им се допадна трендот со натурализирање на фудбалери па ќе продолжат со тоа. Да потсетиме дека под боите на Италија соевремено настапуваше бразилскиот центафор Амаури, а сеуште со репрезентацијата е фудбалерот на ПСЖ Тиаго Мота кој запиша и два настапи за селекцијата на Бразил.

    Сега од ФС Италија доведуваат уште едно момче роден во Бразил а во прашање е левиот бек на Порто Алекс Тељеш.

    Овој 23-годишен фудбалер иинтересно е дека има италијански пасош, а настапуваше година дена и за милански Интер.

    Тељеш во европскиот фудбал стигна во 2014 година, а го ангажираше турски Галатасарај, а од оваа година е член на португалски Порто.

    Според италијанските медиуми, претставниците на сојузот разговарале за споменатата можност со фудбалетот, кој веќе има пасош и може во секој момент да заигра за Аѕурите.

    Левиот бек добредојден ќе биде за Италијаните, ќе видиме дали Вентура навистина ќе добие бразилско засилување.