Италијански гигант спреми астрономска понуда за Верати


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според медиумите во Италија, актуелниот шампион на таа држава спреми огромна сума на пари за доведување на фудбалерот за врска на парижаните.

Одамна е познато дека Јувентус го сака Марко Верати од ПСЖ.

Фантастичниот фудбалер игра се подобро, а тоа го виде и раководството на старата дама.

ПСЖ неколку пати кажа дека нема намера да се откаже од италијанскиот репрезентативец, парите не се проблем, а Верати е важен играч во нивниот тим.

Во Јувентус се надеваат дека ќе го доведат, а спремија 80 милиони евра за Верати.

Ако не успеат да го убедат ПСЖ да ги пушти да преговараат со Верати, а алтернативата исто така доаѓа од Франција, а се работи за Корентин Толисо од Лион.