Итното купување на Манчестер Јунајтед – Португалец! Реал не го сака


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Португалецот е најновата желба на Мурињо за катастрофалната одбрана на црвените ѓаволи.

    Вложените 185 милиони евра за засилувања и доаѓањето на Жозе Мурињо не донесоја никаков напредок. Манчестер Јунајтед е полош од кога беа на клупата Дејвид Мојс и Луис Ван Гал. Ситуацијата е загрижувачка бидејќи ѓаволите втора сезона по ред би можеле да пропуштат пласман во ЛШ.

    Многу мислеа дека Мурињо може да ги поправи работите, но не му оди ниту на португалецот. Многу работи не функционираат во играта на ѓаволите.

    Во последниот натпревар Мурињо на терен изваде одбрана составена од четири фудбалери кои подобро се снаоѓаат како леви бекови од дефанзивци. Дармијан, Шо, Рохо и Блинд беа пред Де Геа. Без повредените Бејли, Смолинг, Џонс и Валенсија, Мурињо е осуден да ја крпи дефанзивата до јануари, а потоа мора да купува.

    Португалецот во летото сакаше еден уште дефанзивец покрај Бејли, но не успеа во финишот на преодниот рок. Во јануари како знае и умее мора да доведе дефанзивец. Бидејќи Бејли е повреден и ќе оди на купот на афричките нации.

    Во јануари ќе нема многу избор на пазарот, на Мурињо веднаш му е потребен фудбалер кој е лидер во одбраната и најновиот план е да го доведе Пепе.

    Португалец од Реал Мадрид кој не е во најдобра ситуација во кралскиот клуб. Него му истекува договорот на крајот на сезоната и Реал како да го понижува со оваа ситуација. Во времето кога кралскио клуб потпишуваше долгорочни договори со своите клучни фудбалери, Пепе е единствениот на кој му истекува договорот ова лето. Шпекулациите од Мадрид кажуваат дека кралскиот клуб му нуди договор на Пепе до 2018-та година, а Пепе сака до 2019-та година. Сето тоа кажува дека во Реал немаат волја да ја продолжат соработката со Пепе, дека сакаат да се решат од него и дека Зидан смета на Варан и Рамос како тандем во одбраната. Пепе има 33 години и некои мислат дека е потрошен.

    Во Манчестер Јунајтед би бил големо засилување со оваа ситуација во одбраната. Иако Мурињо и Пепе не се разделија пријателски во Реал тоа ќе се заборави бидејќи е во интересот на двата.