И официјално Андон Бошковски го презеде Еурофарм Работник


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Битолскиот суперлигаш, Еурофарм Работник денес го претстави новиот тренер, Андон Бошковски со кого потпишаа 2-годишен договор.

Работник првиот дел од сезоната го заврши одлично, на третото место, но и покрај тој резултат направија промена на тренерската позиција.

Поранешниот тренер на Металург и Вардар на клупата ќе ги замени Александар Зарков и Иван Марковски.

Зарков и Марковски исто така ќе останат во битолскиот клуб.