„И јас пиев, но за среќа сликите не прочурија“


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Капитенот на англиската фудбалска репрезентација Вејн Руни се најде на удар на критики после што прочурија фотографии на кои се гледа дека е во алкохолизирана состојба.

    Медиумите на Островот веќе почнаа шпекулации дека Мурињо поради тоа го пресели на клупата, а во одбрана на Руни застана тренерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола кој рече дека и тој соевремено знаеше да се напие.

    „Бев и јас репрезентативец и понекогаш се напивав. Имав среќе што  не прочурија фотографиите. Па и новинарите пијат. И како што јас бев одговорен за тоа свое однесување, така и новинарите, така и Вејн“, рече Пеп и продолжи:

    „Не сакам кога се коментира мојот приватен живот, ниту коментирам туѓи. Го почитувам Руни, неговата кариера, но и него како личност“.