Кабиб донесе голема одлука: Веќе нема да се бори во Невада, враќање во ноември


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Атлетската комислија на Невада вчера жестоко го казни првакот на лесната категорија во УФЦ борбите, Кабиб Нурмагомедов.

Шампионот доби казна од пола милион евра и девет месеци суспензија, а во рингот може да се врати во јуни годинава.

Меѓутоа Кабиб нема намера веќе да се бори во Невада. Тоа јасно го порача преку својот менаџер Али Абделазиз, па така УФЦ ќе остане без настапите на Кабиб во Лас Вегас.

Исто така, одличниот Дагестанец донесе уште една одлука. Тој нема да се бори се додека не им истече казната на членовите од неговата екипа кои се суспендирани на една година.

Зубаир Тукхугов и Абубакар Нурмагомедов добија по една година суспензија и 25.000 долари казна, а овие казни одлучи да ги плати Кабиб.

Нурмагомедов нема да се врати во рингот на УФЦ до ноември следната година. Абедлазиз исто така најави дека враќањето најверојатно ќе биде во легендарната Медисон Сквер Гарден, а останува да се види каков
став ќе изнесе УФЦ по ова прашање.

Досега претседателот на организацијата Дан Вајт не беше наклонет кон екипата од Дагестан, константно е на страната на Конор МекГрегор кој исто така вчера беше казнет но со 50.000 долари и шест месеци казна.

Сепак, за разлика од Кабиб тој може да се врати во рингот веќе во април кога му истекува казната и неизвесно е дали ќе го гледаме баш тогаш во акција против Доналд Керон.