Кавај Ленард во нова реклама за брендот “Џордан” (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


 

Брендот “Џордан” ги има под своја закрила едни од најдобрите кошаркари во светот и е апсолутен лидер во продажбата на патики насекаде низ светот. Дел од нивната маркетинг кампања е смислувањето на кратки но забавни видео-реклами во кои главната улога ја имаат спортистите кои се потпишани со брендот на Мајкл Џордан.

 

Во новата реклама се појавува ѕвездата на Сан Антонио Спарс, Кавај Ленард.

 

https://www.instagram.com/p/BXijyBXji2A/

Рекламата е комплетно во стилот на Ленард. Може да се види како тој напорно тренира за да ја подобри својата игра и пораката која ја остава рекламата е дека на Кавај Ленард му е побитна почитта отколку славата или наградите.

 

Брендот “Џордан” заработува преку 100 милиони долари годишно само од продажба на патики а во 2016 година три од четирите најпродавани модели на патики беа токму од овој бренд.