Кавси се откажаа од Тејтум, сакаат уште еден пик од Бостон во трејдот за Кајри Ирвинг


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


 

Откако им пропадна трејдот со кој Кајри Ирвинг требаше да го напушти Кливленд и да се пресели во Бостон, Селтикси се најдоа во ситуација во која мораше да се откажат од уште некој играч со цел Кливленд да ја прифати размената на играчи.

 

Но Кавси се премислија и веројатно сфатија дека барањето да се вклучи некој од двајцата млади играчи на Селтикс (Џејлен Браун и Џејсон Тејтум) не доаѓа во обзир. Затоа се решија да побараат уште еден пик од Бостон со цел да се официјализира трејдот.

Пакетот во тој случај би изгледал вака: Ајзеа Томас, Џеј Краудер, Анте Жижиќ + два пикови од драфтот во 2019 година. А во спротивен правец би отишол Кајри Ирвинг.

 

Трејдот е близу до комплетирање и се очекува сето ова да биде завршено наредната недела.