Казорла на лето го напушта Арсенал: Неколку клубови од Шпанија заинтересирани за него

    Неколку шпански тимови се заинтересирани за играчот на Арсенал, Санти Казорла.

    Казорла поради повреда минатата сезона одигра само 15 натпревари во Премиер лигата, но и покрај тоа, тој е цел на неколку клубови од својата родна земја.

    Според пишувањата на медиумите, Атлетико Мадрид, Севиља и Валенсија ќе се обидат да го донесат споменатиот играч на Арсенал.

    30-годишниот Казорла останува без договор на крајот од сезоната и ова е причината зошто е толку многу баран од страна на другите клубови.

    Казорал во Арсенал пристигна во 2012. година од Виљареал.