Каква борба за детето од Селтик!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Големи фудбалски асоциации се борат кој прв ќе стигне до Карамоко Дембеле, младиот фудбалер кој ги интригира сите пред неколку недели.

    Карамоко Дембеле заигра за развојниот тим на Селтик во почетокот на овој месец, иако има само 13 години, а оваа информација стана многу вирусна во наредните неколку дена, нема човек кој не слушна за детето кое веќе без причина го нарекуваат новиот Меси.

    Сега се води голема битка, за која репрезентација ќе игра ова момче?

    Изгледа дека постојат три опции, Брегот на Слоновата коска е прва, поради тоа што ова момче е со потекло од таа држава.

    Сепак, Шкотска на сите начини пробува да го придобие, а денеска му е врачен повик за Викторија Шилд, првенство кое се игра меѓу кадетските репрезентации на Шкотска, Велс, Република Ирска и Северна Ирска.

    Значи, и овој пат ќе игра со далеку постарите од себе и тоа за дури три години.

    Уште да напоменеме, за ова момче се распрашува и Англија, го сакаат во својата репрезентација, па нема да чуди ако заигра и за Албион.