Каков Погба – Се спрема едно од најголемите враќања во Премиер Лигата!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Челси, Цеск Фабрегас би можел повторно да го облече дресот на Арсенал.

Венгер е спремен да му прости се на „својот син„ и да го врати повторно на Емирати!

Матиќ и Канте се во плановите на Конте, Фабрегас нема никаква улога во тимот од Стемфорд Бриџ, па би можел наскоро да го облече дресот на Арсенал, повторно.

Првата причина за тој да премине во Арсенал е тоа што многу добро се познаваат со Венгер, а втората е повредата на Казорла, па Фабрегас би можел да игра позади Озил.

Челси е спремен да го продаде Фабрегас но дали тоа ќе биде баш на конкурентот за титулата а воедно и градски ривал.

Фабри е дете на Барса, на 16 години Венгер го донесе во Арсенал и направи чудо од него.

Во 2011 се врати во Барса за 35 милиони евра, а во 2014 Енрике го продаде на Челси за 30 милиони евра.

Фабрегас од 2003 до 2011 одигра 303 натпревари за Арсенал со 57 голови, а постана и најмладиот капитен во историјата на Арсенал!