Како да играа НБА натпревар – 207 поени и победа на Куманово против Карпош Соколи


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Куманово убедливо го совладаа Карпош Соколи на гости со 101:106 во натпревар од БИБЛ лигаата.

Кумановци првата четвртина ја одиграа одлично. 20:26 стоеше на семафорот после десет минути игра. Во втората четвртина гостите стигнаа до првата двоцифрена предност на натпреварот, 22:32. Кошаркарите на Куманово ги декласираа соколите, им дозволија да постигнат само 13 поени во втората четвртина. На полувреме, Куманово замина со водство од 20 поени, 33:53.

Кумановци пред последните десет минути од натпреварот имаа водство 20 поени, 57:77. Соколите три минути пред крајот на натпреварот намалија на 9 поени негатива, 82:91. Минута пред крајот на натпреварот кошаркарите на Карпош Соколи имаа негатива од пет поени, 92:97. Кумановци ја задржаа предноста и на крајот победија со 101:106.

Мијатовиќ со 27 поени го предводеше Куманово до победа. Јанески додаде 18, Караколев и Караџовски по 16, Живановиќ 15, Пековиќ 12 поени. Трајковски беше најефикасен кај Карпош Соколи со 25 поени. Соколов додаде 16, Лабовиќ и Вркиќ по 14, а Пери 13 поени.