Како некој друг да влезе во неговото тело: Бакајоко доби ултиматум во Милан


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тиемуе Бакајоко ова лето пристигна ова лето во Милан на позајмица како голем засилување од Челси, но во лондонскиот клуб би можел да се врати многу порано од очекуваното.

Бакајоко минатата година од Монако пристигна во Челси како големо засилување, но во првата сезона не ги оправда очекувањата, па Плавите одлучија да го пратат на позајмица. Милан едвај го чекаше тоа и верува дека донесоа супер засилување во средниот ред, но се чини дека тоа не се случи.

Овој 24 годишен фудбалер запиша само четири настапи во Серија А, а неговите игри воопшто не воодушевуваа. Во италијанските медими се шпекулира дека Бакајоко веќе во јануари ќе се врати во Челси.

Росонерите наводно разговарале со него и јасно му дале до знаење дека доколку драстично не ја поправи својата игра ќе го вратат во Лондон.

Наводно, Гатузо му дал ултиматум од шест натпревари да се докаже, во спротивно до јануари ќе ја грее клупата, а потоа ќе му дадат карта за враќање во Лондон.