До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Манчестер Сити делува импресивно на стартот на сезоната, Пеп Гвардиола има максимален учинок во Премиер лигата и Лигата на шампионите. Меѓутоа, како Каталонецот успеа од речиси едентична екипа која во минатата сезона едвај успеа да стигне до четвртото место во ПЛ?
Граѓаните после петтото коло останаа осамени на врвот на табелата како единствен тим со максимални 15 бодови, а се поставува прашањето што Пеп направи во тимот на Сити и го препороди тимот на стартот на новата сезона.
Јасно е дека сите играчи се на далеку повисоко ниво отколку кај Мануел Пелегрини, Кевин де Брујн и Давид Силва се организатори на играта на средината на теренот и повеќе никој не го споменува Јаја Туре.
Кун Агуеро после суспензијата ќе продолжи да го предводи нападот, постигна веќе шест голови во ПЛ и ЛШ, но сепак, клучни се тие играчи кои Пеп практично ги врати од мртвите.
Тоа се пред се: Рахим Стерлинг, Александар Коларов, Фернандињо, Пабло Забалета и Николас Отаменди.
Рахим Стерлинг
Прв на листата и далеку пред сите е Рахим Стерлинг, кој е најголемо откритие во однос на тоа како играше во минатата сезона.
Во споредба со работата, Стерлинг во целата мината имаше само 40 успешни продори, шест голови и две асистенции. Во оваа сезона, во пет одиграни мечеви во Премиер лигата, веќе даде три гола, забележа две асистенции и има веќе 20 успешни продори, што значи дека на пет меча веќе одработи половина работи отколку за целата мината сезона.
Александар Коларов
Втор на таа листа и одма позади Стерлинг е Александар Коларов кој можеби го игра и својот најдобар фудбал во кариерата.
Пеп така го препороди Коларов, кој според неговите зборови „бил најспремен играч на подготовките“. Коларов во минатата сезона, во речиси сите клучни беше беше во втор план позади Гаел Клиши. Коларов сега е нешто потолно друго во составот на Граѓаните, а игра дури и како централен бек.
Гвардиола се одлучи да ја искористи неговата сила, висина и добар пас и на натпреварот со Бурнмут го играше на местото со Џон Стонс. Сити не прими гол, а Србинот беше на висината назадачата и во срцето на одбраната.
Англиските медиуми така ја потврдијата и анализата на неговите допири со топка на последните дуели.
Пабло Забалета
Третиот играч на листата „препородени“ е Пабло Забалета. Аргентинецот во целото лето се поврзуваше со неколку италијански клубови и се веруваше дека неговото време на Итихад помина.
Дури имаше и приказни дека Забалета ќе биде пуштен да оди со минимална оштета бидејќи на него не се смета.
Меѓутоа, Забалета повторно потсетува на своите најдобри денови, игра сигурно во дефанзивата и заедно со останатите соиграчи го сочинува столбот на одбраната на Граѓаните.
Фернандињо
Фернандињо е дефинитивно играч кој се наоѓа на листата на „повратени“. Бразилецот до оваа сезона беше сенка на Јаја Туре, но сега на неколку меча покажа ека може да игра дури и како единствен играч за врска, што посебно потврди со своите партии во дербито Манчестер.
Пред доаѓањето на Пеп Гвардиола, се сомневаше дали Фернандињо ќе може да ги исполни големите барања на каталонскиот стручнак, но Пеп му објасни што треба да работи, а Бразилецот сите ги вчудоневиде со своите игри.
Недостасува Јаја Туре?!
Николас Отаменди
Последне на оваа листа е стоперот Николас Отаменди. Аргентинецот често во минатата сезона беше на мета на критичарите, поготово кога игра во тандем со Мангала или Демикелис, меѓутоа, со новајлијата Џон Стонс, делува делеку посигурно и поагресивно.
Остаменди не поседува техника каква што Пеп сака, меѓутоа, тој сегмент игра е препуштен на Коларов и Стонс во организацијата на напад од последната линија, а Отаменди со својот висок одраз, агресивност и одлична физичка подготвеност ги надокнадува сите свои недостатоци.
На пример, иако е за десетина сантиметри понизок, тој во дербито со Манчестер Јунајтед ги доби сите воздушни дуели со Златан Ибрахимовиќ.
Кога се ќе се собере, петте „прежалени“ играчи, само што требаше да потсетат колку знаат да играат фудбал и да потсетат на нивните квалитети и повеќе од доколку е Сити да изгледа вака на стартот на оваа сезона.
Кога на се ова ќе се додадат и одличните засилувања како Браво, Стонс, Гундоган, Нолито и Сане, со староседелците Агуеро, Силва и Де Брујн, нема сомнеж дека Сити на Пеп е спремен за големи дела веќе во првата сезона.















