Како пропадна мисија на Мурињо наречена „Вилијан„?

Вилијан потврди дека Мурињо го сакал во Јунајтед но тој не сакал да замине од Челси.

Мурињо своевремено од Анжи Махачкалака го доведе Вилијан во Челси а сега го сакаше и во Манчестер Јунајтед.

Но тој план на Мурињо не му успеа.

„Имаше интерес, зборував со Мурињо. Го ценам тоа што клуб како Јунајтед беше заинтересиран за мене, но добро ми е во Челси“ – изјави Вилијан.

Вилијан беше прашан дали би се преселил во Кина како и својот поранешен колега Оскар, но тој одговори дека сега не е време за тоа.