Канаваро стана селектор


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фабио Канаваро е нов селектор на Кина.

Италијанскиот стручњак денес ја превзеде фудбалската селекција на најголемата земја во светот.

Канаваро на овој начин стана најважна фудбалска фигрува во Кина, а покрај националниот тим и понатаму ќе го предводи и најбогатиот клуб во Кина, Гвангжу Евергранде.

Тој местото селектор ќе го превземе од својот ментор, Марчело Липи, кој оваа позиција ја напушти на почетокот од оваа година, но 70-годишниот стручњак ќе остане како консултант.

Сеуште не се знае дали Канаваро потпишал догвоор на подолг временски период или на краток рок, а се претпоставува дека претстојниот Кинески куп ќе послужи како проверка за итајлинаскиот тренер, за потоа да биде донесена одлуката дали и понатаму ќе остане на клупата на националниот тим на Кина.