Канте задоцни на тренинг, но Дешамп немаше срце да го критикува


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нголо Канте во светот е познат како еден од најсимпатичните играчи, а со своето скромно однесување ги воодушевува љубителите на најважната споредна работа во светот.

Пред само неколку години Канте играше во втор ранг од францускиот фудбал, а денес е еден од најскапо платените играчи во историјата на Челзи.

Неговото скромно однесување и насмевката на лицето ја воодушевува јавноста и едноставно не можете да се налутите на него.

Тоа најдобро се покажало и на собирот на француската репрезенрација кога Канте задоцнил повеќе од еден час бидејќи возот не бил точен.

Дидиер Дешамп имал намера да го критикува но кога ја видел насмевката на неговото лице немал срце да му каже нешто.

,,Си задоцнил поради возот? Па зар ти не си побрз од возот?”- го прашал Дешамп на што Канте се насмеал.

Но она што ја покажува неговата скромност е фактот дека тој на тренинг стигнал со воз, додека неговите соиграчи ги покажувале ,,ѕверовите” од своите гаражи.