Карим Бензема уште еднаш изоставен од составот на Франција


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


 

 

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, уште еднаш беше изоставен од составот на Франција, откако Дидие Дешамп го објави списокот на фудбалери кои се повикани да ги бранат боите на „Галските Петли“, во натпреварите на Франција против Холандија и Луксембург.

Изминаа веќе две години откако Карим Бензема нема облечено дрес од Француската репрезентација, но медиумите пренесуваат дека тоа е резултат на уценувањето кое тој му го приреди на Метју Валбуена.

„Го знаете мојот став и тој не се менува лесно. За него во мојот тим нема место“. – изјави Дешамп.

Младиот играч на Монако, кој е пред трансфер во ПСЖ, Килијан Мбапе е повикан да настапува за Француската репрезентација.

Иако, Антоан Гризман во последно време не блеска за Атлетико Мадрид и го очекува пауза од два натпревари во Шпанската Лига, селекторот на Франција има многу доверба во брзоногиот фудбалер.

„Сигурен сум дека Гризман не е 100% спремен, но неговиот квалитет прави разлика на теренот и за него секогаш ќе има место во мојот тим“ – заврши тренерот.

Дешамп ги повика следниве играчи:

Голмани: Ареола (ПСЖ), Манданда (Марсеј), Лорис (тотенхем)

Дефанзивци: Дигне( Барселона), Жале (Лион), Кимпембе(ПСЖ, Косшелни(Арсенал), Курзава(ПСЖ), Сидибе( Монако), Умтити( Барселона), Варан (Реал Мадрид0.

Средни играчи: Канте (Челзи),Метјуиди (Јувентус),Погба (Ман. Јунајтед), Рабиот (ПСЖ), Лемар (Монако), Толисо (Баерн Минхен).

Напаѓачи: Жиру (Арсенал), Гризман (Атлетико Мадрид), Лаказет (Арсенал), Мбапе (Монако), Таувин ( марсеј), КОман (Баерн Минхен), Фекир ( Лион).