Карлито Тевез сам го реши аргентинското „Суперкласико“!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во рамките на 13 коло од аргентинската примера се спретнаа лутите ривали, Ривер Плата и Бока Јуниорс.

На прочуениот „Монументал“ виден е вистински фудбалски спектакл, но домашните навивачи не можат да бидат задоволни со крајниот исход на големото дерби во Аргентина.

Ривер Плата ја угости Бока Јуниорс, гостите на крајот славеа после пресврт, носени од апсолутниот играч на натпреварот Карлос „Карлито„ Тевез!
На крајот беше 2:4 (2:1) за Бока, споменатиот Тевез учествуваше во првите три гола на гостите.

Поведоа фудбалерите на Бока со голот на Валтер Бов во 14 минута од натпреварот.

После 20 миути, домаќините стигнаа до израмнување, стрелец за екипата што од клупата ги предводи легендата  на клубот Марсело Гаљардо беше талентираниот напаѓач Дриуси.

Рапсодија на трибините на Монументал следеше само шест минути подоцна, Ривер преку големата желба на ПСЖ Лукас Аларио доаѓа до пресврт.

Со тој резултат се отиде на одмор, а тогаш во продолжението работите во своја корист ги презеде Тевез.

Поранешниот напаѓач на Вест Хем, Манчестер Јунајтед, Сити и Јувентус го искористи невнимателното излегување на голманот на домашната екипа, ја зеде топката и ја погоди небранетата мрежа.

Несфатлив потег на голманот на Ривер Батаља, кој истрча на повеќе од 20 метри од својот гол.

Целосен пресврт и шок за домашните навивачи следеше 20 минути подоцна, повторно Тевез беше во центарот на вниманието.

Човекот кој со срцето припаѓа на Бока поради што одби „милиони и милиони“, феноменално шутираше од рамките на казнетиот простор на Ривер и ја затресе мрежата на лутиот ривал.

До крајот гостите постигнаа уште еден погодок, Сентурион го натера голманот на домашната екипа уште еднаш ја вадеше топката од својата мрежа во 94 минута.

Бока со овој триумф се качи на чело на табелата, Ривер остана на 10 место со девет бода помалку.

 

Standings provided by Sofascore LiveScore