До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Колумбискиот напаѓач Карлос Бака во овој јануари може да ги напушти редовите на Милан.
Бака во лето 2015 година стигна во Милан од Севиља и веќе во својата прва сезона беше најдобар стрелец на овој клуб.
Во ова лето доста се зборуваше за тоа дека ќе го напушти Сан Сиро, а дури имаше договорено трансфер во Вест Хем.
Сепак, Колумбиецот тогаш се одлучи да остане во Милан, но се чијни дека повторно се предомисли.
Италијанските медиуми пред неколку дека објавија дека Бака е на мета на Наполи. Меѓутоа, според најновите информации Наполи се откажа од доведување на овој играч бидејќи тој не сакаше да прифати на помала плата.
Наводно, се појави нов клуб кој го сака Бака, а тоа е Севиља.
Неговата некогашна екипа сака да го доведе колумбискиот напаѓач на позајмица до крајот на сезоната со можност за откуп на договорот за 25 милиони евра.















