Карло Кастељани занеме од машинеријата на Монтела – Милан го сомели Емполи за враќање на победничките патеки


    Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Фудбалерите на Милан славеа со 1:4 на Карло Кастељани против Емполи во натпревар од четиринаесетото коло од Серија А.

    Џанлуиџи Донарума фантастично го одбрани ударот на Сапонара во шестата минута од натпреварот. Лападула погоди во петнаесетата минута за водство на Милан на асистенција на Сусо. Долго не траеше радоста на росонерите бидејќи Сапонара го израмни резултатот. Скорупски до крајот на полувреме го спасуваше Емполи од примање на повеќе погодоци. Во 61-ва минута Абате му асистираше на Сусо за водство на Милан. Неколку минути подоцна Коста постигна автогол за 1:3. Повторно погодок на релација Сусо – Лападула во 78-ма минута за конечни 1:4.

     

    Милан во следното коло на Сан Сиро ќе го пречека Кротоне, а Емполи ќе игра на гости против Сасуоло.