Карпош Соколи доведе двајца американци


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


АБА лигашот, Карпош Соколи продолжи да се засилува за следната сезона.

Новите две имиња во скопскиот клуб се американци, Ламонт Мек и Кендрик Пери.

Мек игра на позицијата силно крило, а стигна од францускиот прволигаш Ле Авр. Американецот исто така има играно за Лукоил, АЕК, Скаволини и Ваљадолид.

Пери е бек со 1-годишно европско искуство во унгарскиот прволигаш Корменд. Играше за Орландо во 2014-та година во летната лига, а потоа одигра една сезона во австралискиот клуб Сиднеј Кингс.

Со двајцата американци, тренерот Синиша Матиќ го засили ростерот за новата сезона во која соколите освен што ќе играат во АБА лигата ќе играат и во БИБЛ. Драган Лабовиќ, Драган Зековиќ и Урош Дувњак се претходните засилувања.

Утре во Борис Трајковски, соколите ќе одиграат пријателски натпревар против Фени Индустри во 17:00 часот.