Карпош Соколи подобар во македонското дерби во БИБЛ од Фени Индустри


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Карпош Соколи победија против Фени Индустри во натпревар од 10-то коло во БИБЛ, 79:63.

Соколите започнаа фантастично во натпреварот, 13:0. Гостите до крајот на првата четвртина успеаа да намалат на три поени, 16:13.

Фени Инустри за прв пат имаше водство на натпреварот во втората четвртина, 16:17. Потоа Фени успеа да стигне и до поголемо водство, но на полувреме се замина со 38:38.

Кошаркарите на Карпош Соколи после третата четвртина имаа водство од 58:49. Во последната четвртина соколите го задржаа водството и победија со 79:63.

Трајковски ги предводеше Карпош Соколи до победа со 25 поени. Лабовиќ постигна 13, а Пери 12 поени. Џекиќ беше најефикасен кај Фени со 16 поени.