Карпош Соколи славеше во вториот пријателски натпревар против Фени


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Карпош Соколи славеа во Кавадарци против Фени Индустри со 78:82.

Домаќинот првото полувреме го доби со 38:35, а соколите во продолжение направија превсрт. Тренерот, Синиша Матиќ не можеше да смета на Драган Зековиќ, но можеше на американците, Мек и Пери.

Најефикасен кај новиот АБА-лигаш беше Драган Лабовиќ со 18 поени. Пери додаде 12, Соколов 11, Мек и Дувњак 10 поени.

Следниот натпревар на Карпош Соколи е на 14-ти септември против Рилски Спортист од Бугарија.