Карпош сололи доби одлично засилување!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Нашата екипа која дебитира во регионалното натпреварување ги засили своите редови со поранешниот бек на Цибона.

    Хрватскиот бек Доминик Мавра од денеска е играч на нашиот кошаркарски клуб Карпош Соколи.

    Тој клуб соопшти дека од хрватскиот интернационалец се очекува да ја засили бековската линија и да донесе нова енергија после низата од четири порази на стартот на Јадранската лига.

    Мавра, според локалните медиуми, со новиот претставник во АБА лигата потпиша договор до крајот на сезоната.

    Хрватскиот бек веќе во првиот дел од сезоната играше за полскиот тим Даброва, а пред тоа го носеше дресот на загребска Цибона.

    Во Скопје доаѓа како „слободен агент“, а на мечевите во полската лига имаше просек од 8.9 поени, 2.7 скокови и 2.6 асистенции за 23.1 минути по натпревар.

    За тимот од скопската општина Карпош може да дебитира во сабота против поранешниот клуб Цибона, ако во меѓувреме бидат средени сите потребни документи за регистрација во АБА лигата.

    Мавра (22 години, 194 сантиметри) со Цибона ја освои АБА лигата во 2014 година, а со јуниорскиот тим на загребскиот клуб, заедно со Дарио Шариќ и Марио Хезоња, јуниорската Евролига.

    Со младата селекција на Хрватска има две златни медали на европските шампиони од 2010 и 2012 година.