Касиљас изненади со изборот за најдобар голман на светот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Одличниот шпански голман Икер Касиљас го изнесе својот став по прашањето за најдобар голман на светот.

Голманот на Порто, поранешен голман на Реал Мадрид, запрашан да избере најдобар голман моментално на светот.

Ако мислите дека го избра Мануел Ноер или Давид Де Геа – грешите.

„Куртоа е најдобар на светот во овој момент. Има одлична сезона во Челси. Тој би бил одличен избор за Реал Мадрид. По мене моментално е број еден“, рече Касиљас.

Инаку, Куртоа на 22 меча во оваа сезона прими 15 голови и токму тој се смета за нов голман на Реал.

Што се однесува до Касиљас, тој нема баш најдобра сезона во Порто и доста е критикуван поради поедини голови.