Касиљас направи листа на омилените клубови: Реал, Порто и уште осум


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Познатиот шпански голман на Твитер објави список од омилени тимови ширум светот, има вкупно 10, а тука секако е Реал Мадрид каде што бранеше успешно долги години, а овде е и неговиот моментален клуб Порто.

Покрај нив, Касиљас на својата листа ги има Њукасл од Англија, Шалке од Германија, Наполи од Италија, Марсеј од Франција, Ајакс од Холандија, Сантош од Бразил, Бока од Аргентина и Круз Азул од Мексико.

Мора да се признае дека ова е навистина занимлив избор на легендарниот голман.

Инаку, тој во Реал бранеше од 1999. до 2015. година во вкупно 510 мечеви.

Во Порто премина во 2015. година и веќе до сега има 111 настапи за португалскиот великан. Има освоено многу трофеи, а најмногу ќе ги памети петте титули во Па Лига, три во ЛШ, Светското првенство во 2010. година, како и Европското 2008 и 2012. година.

Што се однесува со Порто, ја освои Примера минатата сезона, а оваа сезона се бори со Бенфика за првото место, а ја исфрлија Рома во 1/8 финалето од ЛШ.