Каталонска шестка за Спортинг Хихон – Еврогол на Нејмар од слободен удар (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона на Камп Ноу го победија Спортинг Хихон во натпревар од 25-то коло во Ла Лига, 6:1.

Само после девет минути игра каталонците имаа водство. Лионел Меси погоди со глава за радост на домашните навивачи.

Две минути подоцна Родригез постигна автогол за зголемување на водството на Барселона. Гостите се заканија преку Алварез кој ја погоди стативата.

Кастро намали на 2:1, а шест минути подоцна Луис Суарез го врати водството од два погодоци на каталонците.

До крајот на првото полувреме по една шанса на двете страни, но без реализација.

Само три минути по влегувањето на терен на Алкасер во второто полувреме, шпанецот постигна погодок за 4:1.

Неколку минути подоцна Меси од слободен удар ја погоди стативата. Во 65-та минута Нејмар од слободен удар постигна фантастичен погодок за 5:1.

Две минути пред крајот на натпреварот Ракитиќ ги постави конечните 6:1.

Барселона после денешната победа се искачи на лидерската позиција со два бода повеќе од второпласираниот Реал кој има два натпревари помалку.

Во вториот натпревар кој се играше во ист термин Виљареал убедливо ја победи Осасуна на гости, 1:4.