Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Во тек е 4тото коло од Серија А. Најпрвин во 12:30 Киево гостуваше кај Удинезе и си замина со победа од 1:2, а од 15:00 часот на програмата беа 4 натпревари.
Сасусоло ја пречека Џенова на Мапеи стадионот, и во првото полувреме беше прилично мирно на теренот, без голови. Во второто Џенова играше доста солидно но во 58мата Паволети направи фаул во казнетиот простор и беше досуден пенал за Сасусоло кој Политано го погоди за водство. Во 66тата Дефрел ја затресе мрежата на Перин за конечни 2:0. Нашиот Пандев во игра влезе во 59тата минута.
Во Торино, на Олимпискиот стадион каде што Торино го пречека Емполи беше без тресење на мрежите. Натпреварот заврши со резултат 0:0.
Несторовски денеска беше стартер за Палермо на гостувањето кај Кртоне, каде што Палермо беа фаворити, но не ја оправдаа таа улога. Во 23тата минута Трота, напаѓачот на Кртоне им донесе водство од 1:0. Дури во 66тата минута нашиот Несторовски постигна гол за 1:1 кој им донесе и еден бод на Палермо.
И за крај остана Каљари – Аталанта, дури 3:0 за домашните. Уште во 8мата минута Бориело им донесе водство на Каљари, во 55тата Исла му асистираше на Сау за 2:0, и во 73тата пак Бориело за конечни 3:0 на Сент Елиа.