Кевин Дурент се извини за коментарите упатени кон Индија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


 

Кошаркарската ѕвезда Кевин Дурент се обрати на својот Твитер профил за да се извини за коментарите што ги имаше за Индија, а кои беа извадени од контекст.

 

Кошаркарот на Голден Стејт Вориорс во петокот навечер го “твитна” ова на својот профил:

“Се извинувам затоа што моите коментари беа извадени од контекст, благодарен сум за времето што го поминав во Индија и жалам за начинот на кој моите зборови излегоа во јавност, тоа е тотално моја вина, требаше подобро да се изразам. Зборував за разликата помеѓу мојата имагинација и она како навистина изгледа Делхи. Не го мислев тоа навредливо. Се враќам таму за да организирам повеќе кампови и слично. Извинете…” – напиша Дурент.

Кевин Дурент даде изјава минатата недела во која рече дека е зачуден од “кравите на улица, мајмуните што трчаат наоколу, луѓето кои спијат на двете страни од улицата и видливата сиромаштија”.