Кежман откри зошто Сергеј не е во Рим


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сергеј Милинковиќ денес не успеа да пристигне на редовните медицински прегледи во Лацио. Ова ги подгреа сите шпекулации околу него.

Медиумите започнаа веднаш со можности за потенцијален трансфер.

Сепак, причината за неговото непојавување на прегледите ја откри неговиот менаџер Матеја Кежман.

„Сергеј го пропушти летот поради густиот сообраќај во Белград предизвикан од сообраќајна несреќа“, објасни Кежман.

„Ќе оди да тренира со тимот, па прегледите ќе ги направи утре наутро. Ован е е никаков маневар за да се продаде, нема никакви проблеми помеѓу мене, Лацио и Сергеј“, изјави тој.