Кејн во Милан? Тотенхем порача на Кинезите и за колку пари


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


После вчерашните пишувања за можен трансфер на најдобриот и најскапиот англиски фудбалер Хари Кејн во Милан, денеска „Мирор“ објави податок за колку Тотенхем ќе го пушти во Милан.

Од 1 ноември Милан повторно ќе биде конкурентен на трансфер пазарот, поради тоа што кинеските бизнисмени на чело со Хан Ли, го превземаат Милан и официјално.

Па така овој, некогашен најголем,  клуб на светот повторно ќе се врати во самиот врв и кога се во прашање финансиските средства.

Имено, Мирор открива дека Тотенхем е спремен да го пушти Кејн за точно 88 милиони евра, и дека не сака ни милион помалку од тоа. Ќе видиме дали Хан Ли ќе се одлучи веќе на зима да понуди толку пари, но јасно е дека се откажат од англискиот напаѓач се додека постојат шанси кои Тотенхем ги нуди.