До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Разликата е во пристапот, концептот, филозофијата…
Своја забелешка на оваа тема изнесе младиот Џошука Кимих во интервју за Билд.
„Сега играме со многу повнимателно“, рече момчето кој во оваа сезона покажува дека Баварците во него добиле играч за долг временски период.
„Не играме пресинг 90 минути како што беше случајот додека нас Гвардиола не водеше. Тоа е сега сосема во друг план. Сега имаме повеќе фаза во одбраната, а една е да го ловиме грешките на противниците кои ќе ни овзоможат повеќе простор во нападот и полесна реализација“, рече Кимих.
Баерн е лидер на табелата на Бундеслигата после шест одиграни кола со 15 бодови. После водедните пет победи, следеше неочекувано реми со Келн на Алијанц Арена, со што ја прекинаа триумфалната низа.
Во Лигата на шампионите, Баварците имаат победа и пораз. Ростов е испратен со „петарда“ од Минхен во првото коло, но 15 дена подоцна Атлетико Мадрид го нанесе првиот пораз на Карло Анчелоти откако го презеде кормилото.
Пеп Гвардиола не успеа да го одведе Баерн на врвот на Европа, а тоа ќе биде главна задача на Италијанецот кој е специјалист за Куп натпреварувања.
Инаку, Џошуа Кимих постигна веќе 5 голови од почетокот на сезоната во сите натпреварувања и најдобар стрелец е на екипата после Роберт Левандовски.















