До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Се проценува дека на Интер се потребни крилни играчи на двете страни со цел да се носат со Јувентус. Сопствениците се спремни да вложат огромни пари…
Имаше доста промашувања во последните неколку години со крилните играчи, ни Сантон не е решение, барем така се смета во јавноста.
Алекс Телеш не се задржа долго, Турчинот Еркин не остана ни цело лето, а Де Бур нема посебно доверба ни во Нагатомо.
Манчини промаши со Монтоја, тука е Д`Амброзио, но тоа едноставно не е квалитет за Интер.
За лева страна, како засилување, Де Бур гледа во германскиот репрезентативец Хектор. Фудбалерот на Келн е и на мета на Јирген Клоп, но кинеските сопственици се спремни да го засилат Интер и да платат 30 милиони евра за лев бек.
Така проценуваат во Интер па Хектор може да стигне во јануари на Меаца.
Интер го сакаше и десниот бек на Јувентус, Лихштајнер, но Бјанконерите ја спуштија рампата. Сега е Швајцарецот блиску до Барселона, а баш од Каталонија може да стигне решение за Интер.
Во прашање е Видал, кого Луис Енрике ќе го продаде во зимскиот преоден рок, неговата цена е 12 милиони евра. Го сакаат и Милан, но и Валенсија.
Интер на зима може да вложи најмалку 50 милиони евра и да ги засили позииците во тимот кои шкрипат, но ќе видиме дали Јувентус толку ќе побегне во трката да стане невозможна мисија.
Во секој случај, минимум е трето место, односно враќање во Лигата на шампионите.















