Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Карлос Тевез потпиша двегодишен договор со Шангај Шенхуа, но во него има посебна клаузула, доколку Аргентинецот одлучи кинеската авантура да ја заврши порано.
Доколку Тевез посака да се врати во Бока Јуниорс по само една сезона, аргентинскиот фудбалер ќе мора на Кинезите да им врати 60% од вкупниот износ кој тие го платиле за трансферот, односно околу 50 милиони евра, дознава „Goal.com“.
Тевез со своите нови соиграчи ќе се запознае на 12. јануари во тренинг кампот во Окинава.