До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Екипата на Милан сигурно ќе биде засилена во овој јануари, еве кој може да стигне во тимот на Винченцо Монтела.
Милан во оваа сезона е нешто подобар отколку во претходните неколку, изгледа дека силно сакаат да играат во Лигата на шампионите во наредната сезона, па сметаат дека за тоа им се потребни засилувања.
Моментално се на третата позиција со 22 бода, еден помалку од Рома и пет помалку од Јувентус.
Сакаат да останат на едно од првите три места, ќе имаат конкуренција, но далеку од тоа дека се ќе зависи од другите. Поради тоа спремаат и засилувања, а на листата за јануари Винченцо Монтела има четири играчи.
Прв на листата е Карим Белараби, ѕвездата на Леверкузен. Моментално е повреден, но нема сомнеж дека ќе ги покаже целиот свој потенцијал кога ќе се врати. Игра на позиција крило, на Монтела е потребен баш таков фудбалер, а имајте во предви дека моментално е во најдобри години, има 26.
Потребни се уште стопер и креативец на средината на теренот, а како некој да може да ја закрпи дупката на позицијата стопер се споменува Матео Мусачио.
И тој е во најдобрите години (26), игра на многу силната шпанска лига и надежта на Виљареал.
На средината на теренот мета број 1 е Милан Бадељ. Сите го очекуваат да дојде во Милан од Фиорентина, но не е единствена мета.
Кинезите доаѓаат во Милан со пари, дали се ова реални мети?















