Кинезите тргнаа по Бака!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фабио Канаваро сака квалитетен голгетер, Милан е расположен за продажба.

Преодниот рок помина, но сеуште не заврши пазарот во Кина (28 февруари) ниеден клуб во Европа нема да може мирно да спие.

Немир во Милан каде што повтгорно Карлос Бака има додворувач од Далечниот исток.

Се работи за Тијанџин, кој и понатака бара напаѓач за следната сезона, а сакат тоа да биде некое топ име.

Екипата која ја тренира Фабио Канаваро немаше среќа во обидот да го ангажира во јануари Хрватот Никола Калиниќ од Фиорентина или Диего Коста од Челси.

Меѓутоа, според информациите од Италија, кинескиот клуб се сврте кон Колумбиецот, одличниот напаѓач за кого Росонерите бараат околу 25 милиони евра.

Поради тоа што преодниот рок завршува на крајот на февруари, нема пречка за Бака да се пресели одма во Кина.

Причина повеќе за продажбата на Бака е и фактот дека Колумбиецот непристојно се однесуваше кон тренерот Винченцо Монтела, кога го замени во поразот од Сампдорија во минатиот викенд, иако играчот порача дека нема проблем во комуникацијата со тренерот.

Да потсетиме, порано напаѓачот на Милан беше предмет на интерес на својот поранешен клуб Севиља, но и на Вест хем, но се одлучи да остане на Сан Сиро.

Ќе видиме дали и овој пат ќе го направи истото.