Кливленд во преговори за трејд, Кајри Ирвинг би можел да заврши кај нивниот ривал


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


 

Тимот на Кливленд Кавалирс се најде во тешка ситуација откако нивната ѕвезда Кајри Ирвинг минатиот месец им кажа дека не сака повеќе да биде дел од Кливлен и побара да биде трејдуван. Во изминатите неколку недели Кавалирс ги одбиваа сите преговори со други тимови, но денеска излезе информација дека можеби кариерата на Ирвинг во Кливленд се ближи при крај.

 

Еминентниот НБА инсајдер Шамс Чараниа денеска информираше дека тимовите на Кливленд Кавалирс и Бостон Селтикс се во активни преговори за потенцијален трејд во кој се вклучени Кајри Ирвинг и Ајзеа Томас.

Доколку ова се реализира ќе биде најголемиот блокбастер трејд летово, со сигурност. Причината поради која овој трејд има смисла е во тоа што Ајзеа Томас е во последната година од договорот и доколку Бостон сака да го задржи ќе мора да му понуди максимален договор а Селтикси не се убедени дека сакаат да му дадат максимален договор на играч кој има 29 години и е статистички помеѓу најлошите дефанзивци во лигата.

 

Офанзивната страна од играта на Ајзеа Томас е навистина импресивна и сепак тоа го прави еден од најдобрите играчи на својата позиција во лигата. Ајзеа моментално се опоравува од повредата која ја заработи лани додека играше во конференциското финале токму против Кливленд.