Кливленд го декласира Бостон и закажа финале против Голден Стејт


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кошаркарите на Кливленд Кавалирс се пласираа во големото финале на НБА.

Во петиот натпревар Кавалирс го декласираа Бостон Селтикс со 135:102 и со 4:1 се пласираа во големото финале каде ги чека Голден Стејт Вориорс.

Кливленд одлично го отвори натпреварот и после првата четвртина имаа 16 поени предност, 43:27. Во втората четвртина гостите ја одржуваа големата предност, па на полувреме заминаа со 18 поени предност, 75:57.

Гостите во третата четвртина го решија победникот на натпреварот кога стигнаа до 35 поени предност, 109:74, а во последната четвртина влегоа резервите, но Бостон не успеа значајно да го ублажи поразот.

Леброн Џејмс го предводеше Кливленд со 35 поени, 8 скока и 8 асистенции. Го следеше Кајри Ирвинг со 24 поени и 7 асистенции. Кевин Лав додаде 15 поени и 11 скока, а Дерон Вилијамс постигна 14 поени. Кај Бостон најмногу се истакна Ејвери Бредли со 23 поени. Двоцифрени беа и Грин со 14 поени, Краудер со 11 и Розие со 10 поени.