Клоп доведува уште еден дефанзивец од Бундеслигата?


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Англиските медиуми пренесуваат дека менаџерот на Ливерпул сака да го засили својот бедем со доведување на стоперот на Хофенхајм и германски репрезентативец.

    Добрите познавачи на фудбалот веројатно ќе се поврзат дека се работи за Фабијан Шар.

    „Дали Стар“ во денешното издание пишува дека управата на Росонерите даде зелено светло на Клоп за реализација на трансфер и дека понуда од 9 милиони фунти ќе биде испратена во Хохенхајм.

    Интересно, Шар не е единствен дефанзивец од овој бундеслигаш кој се доведува во врска со Ливерпул.

    Неодамна во островските медиуми и неговиот партнер во срцето на одбраната на Хофенхајм Никлас Зиле фигурираше како потенцијално засилување на славниот клуб од Енфилд.

    Да потсетиме, Јирген Клоп во летото доведе двајца одбранбени играчи од својата татковина, Камерунецот Жоел Матип од Шалке и Естонецот Рaгнар Клаван од Аугсбург.

    Инаку, Шар има 24 години, а член на Хофенхајн од минатото лето кога е доведен од Базел. За А репрезентацијата на Швајцарија досега запиша 21 настапи и постигна дури шест голови, меѓу кои и еден на минатото ЕП во Франција во минималната победа над Албанија.