До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Неколку фудбалери се наоѓаат на мета на Јирген Клоп, еве какви се пишувањата на медиумите во овие денови.
Јирген Клоп има уште неколку желби кога се работи за преодниот рок, може да го потполни својот тим со нови играчи кои лесно ќе се вклопат за сезоната 2017/18.
Еден од нив доаѓа од Франција.
Крилниот напаѓач на Рен, Пол Жорж Нтеп, и понатака не потпиша нов договор со споменатиот клб.
Саутемптон истотака е заинтересиран за привремениот репрезентативец на Франција кој игра одлично на почетокот на оваа сезона.
Се работи за 24-годишен фудбалер кој поседува исклучителна брзина, вистински играч за Јирген Клоп, но секако дека тешко да стигне до првиот состав.
Му истекува договорот во јуни, ќе биде евтин во јануари.
Покрај него, Ливерпул е заинтересиран за Марк Рока, играч на Еспањол, ако се верува на Мундо Депортиво.
Марк Рока е играч за врска, само што е промовиран во сениорскиот тим на Еспањол за кој одигра осум натпревари. Има само 19 години.
Договорот му истекува во јуни, ќе биде бесплатен тогаш, но секако нема да биде скап ни во јануари.
Преснел Кимпембе е нов фудбалер кој е на радарот на Ливерпул, покрај тоа што Манчестер Јунајтед е веќе долго време беше заинтересиран за него.
Се работи за 21-годишен дефанзивец кој покажува завиден квалитет, а во оваа сезона веќе одигра 7 мечеви за клубот и може да претставува нова опција во одбраната после што ќе замине Мамаду Сако.
Се очекуваат нови засилувања во Ливерпул во јануари, сигурни сме дека нема да има големи ѕвезди како нови засилувања.















